Достапни линкови

Ритамот на мултиетничка Македонија во земјата на изгрејсонцето


Macedonian folk dancers in folk costumes.
Macedonian folk dancers in folk costumes.

30 концерти на кои ќе биде претставена нашата богата изворна фолклорна традиција, во перидот од 4 февруари до 21 март, ќе одржат студентите од катедрата за етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“од Скопје на својата турнеја во Јапонија.

Колажи од соборски ора извадени од контектсот на традиционалната култура на Македонците, како и на Власите, Албанците, Ромите и Турците Јуруци, обредни игри од село Луке, како и Џамалариите од Скопска Блатија и песните на Македонците муслимани од етничките предели Струшки Дримкол и Гора, се само некои од сегментите што ја сочинуваат програмата на 30-те концертни настапи што во далечна Јапонија, од 4 февруари до 20 март, ќе ги одржат студентите од катедрата за етнокореологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“од Скопје.

Целата оваа турнејата е по барање на познатиот јапонски менаџер Масунада кој подолг временски период работи на Балканот и кој досега во својата земја ги претставил најголемите професионални ансамбли од земјите во регионов како што се „Коло“, „Ладо“, голем дел од бугарските професионални ансамбли и кога дојде во земјава не избра нас со идеја да ја претстави Македонија со сите нејзини етнографски и етнокореолошки карактеристики.
Владимир Јаневски, професор и продекан за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“.
„Целата оваа турнејата е по барање на познатиот јапонски менаџер Масунада кој подолг временски период работи на Балканот и кој досега во својата земја ги претставил најголемите професионални ансамбли од земјите во регионов како што се „Коло“, „Ладо“, голем дел од бугарските професионални ансамбли и кога дојде во земјава не избра нас со идеја да ја претстави Македонија со сите нејзини етнографски и етнокореолошки карактеристики“, истакнува Владимир Јаневски, професор и продекан за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Тој дополнува дека во пресрет на оваа културна мисија, тие во изминативе два дена потпишуваат и два концерта, по еден во Скопје и Штип, на кои го претставуваат и поголемиот дел од програмата селектирана за прикажување пред љубопитната јапонска публика.

„Мора да се земе во предвид дека тука не се изведуваат стилизирани форми и стилизирани кореографии туку автентични сценски адаптации. Вчера за прв пат на сцената можевме да го видиме и „Тешкото“ кое се играло во ваква форма и во ваква носија до 1915 – 1920 година каде што го забележале сестрите Јанковиќ. Таа форма на „Тешкото“ беше навистина една многу убава форма на презентација само заради тоа орото се изведуваше во една поинаква форма отколку онаа која ние ја знаеме. Затоа не само на овие два актуелни концерта туку и во Јапонија тоа ќе бидат автентичните наспроти формите на современоста што се ставаат се повеќе и повеќе. “

Посебен сегмент од понудата на оваа турнеја претставуваат и носии кои на себе ќе ги носат играорците.

„Се работи за носии кои се претставени во нивната автентичност и кои се носеле кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Со нив на одржаните концерти побудивме огромен интерес заради тоа што се видоа носии во нивната оригинална смисла, а не, пак ќе речам, во стилизираната форма на облекување. “

Инаку, дел од студентите и од учениците што ќе заминат во Јапонија, неодамна со својата изведба ги воодушевија хрватскиот режисер Сташа Зуровац и нашиот композитор Марјан Неќак кои на сцената на Драмски театар во Скопје ја поставија на репертоарот музичката драма „Македонска крвава свадба“. За ова Јаневски со објаснување:

„Нашите студенти се мултифункционални бидејќи во претставата и на концертите се јавуваат во три функции - како играчи, пејачи и како инструменталисти. Секој од нив мора да знае да свири, да игра и да пее.“

Кон ова само уште информацијата дека студентите и учениците од класите на професор Владимир Јаневски, по престојот во Јапонија, ќе ја продолжат работата и врз својот најнов проект со музички карактер кој треба да се случува секој петок во Музејот на македонската борба.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG