Достапни линкови

Турција забрани пушење наргиле во угостителските објекти


Илустрација.

Илустрација.

Во Турција од вчера е забрането пушење наргиле во кафулињата, баровите и рестораните. Досега пушењето наргиле во угостителските објекти беше забрането само за малолетните лица. Здравствените работници предупредуваат дека разновидните овошни вкусови придонесуваат пушачите на наргиле да заборават дека навистина вовлекуваат тутунски чад и дека пушењето наргиле е многу поштетно од пушењето цигари. Во Турција од 2009 година е забрането пушење цигари на јавни места.
XS
SM
MD
LG