Достапни линкови

logo-print

Пелагонија станува гумно за соларни централи


Соларна централа во село Егри во близина на Битола.

Соларна централа во село Егри во близина на Битола.

Во пелагонискиот регион веќе функционираат две соларни централи со моќност од по еден мегават.

Пелагонија освен од јагленот, електрична енергија произведува и од сончевата топлина и светлина. Во регионот веќе функционираат две соларни централи со моќност од по еден мегават. Двете се отворени во пограничните села Гермијан и Егри и се домашни инвестиции. Сопствениците велат дека местото е погодно за производство на сончева енергија дури и во услови на дожд.
И во вакви прилики кога има дожд и нема интензивно сончево зрачење се гледа на компјутерот во контролната соба, сепак има производство. Доволно е само да биде светло, околу десет проценти е производството од максималното, меѓутоа сепак постои. Централата не згаснува кога е светло.

„И во вакви прилики кога има дожд и нема интензивно сончево зрачење се гледа на компјутерот во контролната соба, сепак има производство. Доволно е само да биде светло, околу десет проценти е производството од максималното, меѓутоа сепак постои. Централата не згаснува кога е светло“, вели професор Љупчо Трпезановски, еден од инвеститорите на електраната во Егри.

Струјата ќе му се продава на оператор на пазарот на електрична енергија, а постои гарантирана цена за тие што имаат добиено решение од Регулаторната комисија за повластен производител. Таа е 26 евроценти за киловат-час.

Наспроти производството на електрична енергија од јаглен кое ја загадува Пелагонија, соларните централи немаат негативно влијание врз животната средина. Николај Димитров, експерт за соларни централи од Бугарија вели:

„Карактеристиките на централата се дека при производство на еден киловат-час електрична енергија заштедува 0,7 килограми јаглерод диоксид. Нејзиниот живот е 25 години, а 22 години централата ќе работи со нула емисии на штетни гасови и со тоа се заштитува околината.“

Според Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика, ваквите инвестиции ќе значат стабилизирање на струјното напојување во руралните средини.

„Пеглање на сите пикови и не овозможува напонот да паѓа или да е предимензиониран и да оди под 180 или над 220 волти. Со Кјото протоколот Македонија треба да направи обновливи извори 20 отсто. За инвестиции од овој тип треба да имаме 10 мегавати во делот на сочевата енергија“, вели Гечевски.

Од тие 10 мегавати инсталирана моќност во соларни електрани досега се пуштени во работа само 4 мегавати. Наскоро вакви електрани ќе се изградат во Демир Хисар и Прилеп.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG