Достапни линкови

Светските сили бараат разговори со Иран за нуклеарната програма


Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Светските сили побараа разговори со Иран за спорната нуклеарна програма. Портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, Мајкл Ман објави дека средба е побарана за наредниот месец, откако Техеран ја одбил претходната понуда, средбата да се одржи на 28 и 29 јануари во Истанбул.

Москва повика светските сили и Иран да се договорат за местото на состанокот. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги повика двете страни „да престанат да се однесуваат како мали деца“.

Претходната средба на Иран со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција, плус Германија што се одржа во јуни минатата година во Москва заврши без договор.

Западот се сомнева дека Иран се обидува да направи атомска бомба, но Техеран негира.
XS
SM
MD
LG