Достапни линкови

Нимиц утре се среќава со Јолевски и со Василакис

Медијаторот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис во Њујорк на 20 ноември 2012 година.

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц утре и задутре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Како што соопшти службата за информирање на Обединетите нации, предвидени се одделни разговори на Нимиц со Јолевски и со Василакис, а потоа и заедничка средба.

Повикот за продолжување на разговорите следи неполн месец по посетата на Нимиц на Македонија и на Грција. Тој тогаш истакна оти е охрабрен од разговорите во Скопје и Атина и најави дека ќе ја забрза динамиката на преговори во Њујорк.
XS
SM
MD
LG