Достапни линкови

Судирите во Египет продолжуваат, вонредната состојба во три градови


Порт Саид.

Порт Саид.

Судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Каиро продолжуваат. Полицијата употребила солзавец да ги растера младите демонстранти на плоштадот Тахрир. Египетскиот претседател Мухамед Морси вчера прогласи 30-дневна вонредна состојба во областите на градовите Порт Саид, Исмаилиа и Суец, по немирите во кои има загинати и стотици ранети. Во немирите во изминативе денови загинаа околу 50 луѓе, претежно во Порт Саид на брегот на Средоземното Море. Немирите почнаа откако 21 луѓе беа осудени на смртни казни поради минатогодишните нереди што избувнаа за време на фудбалски натпревар.
XS
SM
MD
LG