Достапни линкови

Црквата и Косово - отворени прашања меѓу Србија и Македонија


Macedonia - Serbian Prime Minister Ivica Dacic pays a visit to Macedonia met Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski in Skopje - 28Jan2013

Macedonia - Serbian Prime Minister Ivica Dacic pays a visit to Macedonia met Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski in Skopje - 28Jan2013

Политичките односи меѓу Македонија и Србија се добри, и покрај проблемот меѓу црквите и различните ставови за Косово, оценија премиерите Никола Груевски и Ивица Дачиќ.

Со акцент на пријателските односи меѓу двете земји, по денешната средба со премиерот Груевски во Скопје, српскиот премиер Ивица Дачиќ нагласи дека на Македонија не и се заканува опасност од север, но и дека би ја имала политичката поддршка доколку таа опасност дојде од некој друг. Отворените прашања се познати, по однос на спорот меѓу Македонската и Српската православна црква, размислувањата на двајцата високи државни претставници се речиси идентични.
Прашањето на крајот мора да биде решено од самите цркви, меѓутоа како олеснувачи или на кој било начин ако можеме да им помогнеме или олесниме, секогаш сме тука да помогнеме.

„За нас во Македонија тоа е значајно прашање. Прашањето на крајот мора да биде решено од самите цркви, меѓутоа како олеснувачи или на кој било начин ако можеме да им помогнеме или олесниме, секогаш сме тука да помогнеме“, рече Груевски.

„Тоа исто така се рефлектира на меѓудржавните односи затоа што станува збор за сопственост на Српската православна црква над објектот за кој вие зборувате и сето тоа е поврзано со релаксацијата на сите овие односи за кои зборувате. Ние како држава сакаме да посредуваме да се дојде до некое одржливо решение и односи кое би било прифатливо за сите“, додаде Дачиќ, одговарајќи и на прашањето дали годинава ќе биде дозволено чевствување на Илинден во манастирот Св. Прохор Пчински.

Односите се проблематични и во однос на прашањето за Косово во што нашите позиции се разликуваат од позициите на Македонија, додаде Дачиќ и во таа насока рече дека од македонскиот премиер при оваа посета побарал:

„Во овие услови сега да имаат еден воздржан пристап за да може тоа да придонесе кон дијалогот и обидот што побрзо да дојдеме до компромисно решение.“

Поддршката за што поскорешно приближување кон ЕУ е тука и тоа е заеднички стремеж на двете држави. Трговската размена меѓу двете земји е поголема од 700 милиони долари, но треба да се вложат напори за уште поголема економска соработка, потенцираа Груевски и Дачиќ, а би требало да се направат обиди и за заеднички настапи на трети пазари. Постои одлична соработка и на ниво на Министерства за внатрешни работи, како и меѓугранична соработка, рече Дачиќ, кој е во прва посета на Македонија од функцијата премиер. Тој исто така најави и заедничка седница на двете влади во делумен состав напролет во Белград што најверојатно ќе се воспостави како понатамошна редовна пракса.
XS
SM
MD
LG