Достапни линкови

logo-print

Иран испрати жив мајмун во вселената


Архивска фотографија: Тестирање на капсула со мајмун во Иран.

Архивска фотографија: Тестирање на капсула со мајмун во Иран.

Иран успешно лансираше ракета и испрати жив мајмун во вселената, соопшти Одделот за воздухопловство на иранското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека капсулата Пишгам(Пионер) достигнала висина од над 120 километри и оти „ја вратила пратката неоштетена“. Не се соопштува во каква состојба е мајмунот. Нема независна потврда на оваа информација. Претходниот обид на Техеран да испрати мајмун во вселената во 2011 година беше неуспешен. САД во минатото изразија сериозна загриженост поради иранската вселенска програма, затоа што таа технологија може да се искористи за производство на балистички проектили со долг домет кои може да носат нуклеарна боеви глави.
XS
SM
MD
LG