Достапни линкови

logo-print

Односите на Србија и Македонија во нагорна линија


Српскиот премиер Ивица Дачиќ доаѓа во посета на Македонија.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ доаѓа во посета на Македонија.

Македонија и Србија во овој момент немаат отворени прашања на политичко ниво и тие односи одат во нагорна линија, посочуваат експертите. Според нив, косовското прашање веќе одамна нема сила да биде камен на сопнување во македонско-српските осноси.

Македонија и Србија во овој момент немаат отворени прашања на политичко ниво и тие односи одат во нагорна линија и се одвиваат без некои големи ескалации, посочуваат експертите, иако дел од нив со забелешка дека иницијативите и активностите во изминатиов период потекнувале главно од српската страна. Во таа смисла, косовското прашање веќе одамна нема сила да биде камен на сопнување во македонско-српските осноси, потенцираат експертите.
Нашиот амбасадор паметиме дека практично беше протеран кога ние го признавме Косово. Меѓутоа тие времиња дефинитивно се зад нас, затоа што српската политика многу брзо, а и оваа влада уште позабрзано тоа го работи и оди подалеку од тие времиња и не сака да оптоварува со минатото. Тие пред себе ја имаат целта за остварување на европските интеграции.

„Нашиот амбасадор паметиме дека практично беше протеран кога ние го признавме Косово. Меѓутоа тие времиња дефинитивно се зад нас, затоа што српската политика многу брзо, а и оваа влада уште позабрзано тоа го работи и оди подалеку од тие времиња и не сака да оптоварува со минатото. Тие пред себе ја имаат целта за остварување на европските интеграции“, изјави професор Стево Пендаровски, член на Советот за НАТО-интеграции на СДСМ.

Наскоро по стапувањето на новата функција, новиот српски претседател Томислав Николиќ настапи со изненадувачки изјави во кои го понуди своето посредништво за разрешување на спорот меѓу МПЦ и СПЦ, а исто така неговите изјави околу спорот за името беа протолкувани во насока дека на нудење помош за надминување на овој надворешно политички проблем.

„Во основа секаква помош е добредојдена. Меѓутоа дека Николиќ тука може да направи некој исчекор, мислам дека не е реално и не треба да се обрнува големо внимание“, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Сепак, за Пендаровски е наоправдано што билатералните односи со Србија се во моментов на некој начин полузамрзнати со оглед на тоа што, како што вели, нема јасен проблем или конкретен политички спор кој би застанал на патот на развивање на односите со северниот сосед, што покажува дека македонската надворешна политика е слабо активна што се однесува до регионалните односи.

Посетата на Дачиќ на големиот празник за Србите е само последица на политичкиот профил на партијата која се однесува со поголемо внимание на српската историја.
XS
SM
MD
LG