Достапни линкови

Најкоментирано - Да или не за опозициските протести?


Илустрација: Протести на опозицијата.

Илустрација: Протести на опозицијата.

Колумната на претседателот на подмладокот на СДСМ Дарко Давитковски „Избери и приклучи се“ е најкоментирана тема на нашата веб-страна изминатава недела.

Метеж на улиците на Скопје, во неделата на пладне, ама метеж и на нашата веб-страница по текстот на првиот човек на социјалдемократската младина на Македонија, Дарко Давитковски, во редовната младинска он-лајн колумна на Радио Слободна Европа, под наслов „Избери и приклучи се“. Некои читатели дури пишувале и по неколкупати, веројатно сакајќи ем да си кажат ама баш сè што мислат и плус да полемизираат со другите.
Трагично е што опозиционите лидери не се во сосотобја да го сватат фактот дека, и колку да настојуваат, не се кадри да одговорат на потребите и државните интереси. Тие се трагикомедија поради остварување на лични и стиносопственички интереси.

Така, редовниот Владо испратил 5-6 одвоени пораки-коментари, во кои како највпечатливо е убедувањето дека опозицијата е таа што „го нарушува Уставот, поредокот, работата на парламентот“ и дека текстот на Давитковски е „очајнички обид за мобилизирање поддржувачи на погубната политика на СДСМ“ - како што смета тој.
Илустрација: Опозициски протести во Скопје.

Илустрација: Опозициски протести во Скопје.


Владо испраќа и одговори на коментарите на другите учесници во веб-дискусијата. На пример, му одговара на Јаков од Велес кој пишува дека на 24 декември „јавно се покажа лицето на режимот. Напред отпораши!“ На Трајко од Скопје кој пишува дека сите оние од „ДПМНЕ што се приклучиле да коментираат се обидуваат да го релативизираат тепањето на пратениците и на новинарите“ му одговара дека „новинарите не биле тепани, туку дека самите предизвикаа со нив да се постапи онака како што се постапи“.
Да дадеме ОТПОР против оние кои не задолжија и ни ја загрозија иднината. ДОСТА Е!

Милан, пак, му се обраќа на Давитковски велејќи дека Македонците „не се индиферентни, бидејќи шестпати досега покажаа за која политичка опција гласаат, а која не сте вие“. Димитар пишува дека гадењето од политиката „нема да ни овозможи да живееме подобро“ и дека затоа треба „да се противставиме на оние кои удрија по новинарите и народните избраници“. Милан иронизира со приказна за деца: „И така драги деца, кога СДСМ ќе си седнат во фотелјата и без да имаат програма добрата вила со магично стапче ќе ги поправи сите работи.“

Ивана порачува дека на сите треба „да ни биде јасно дека ова не е битка за СДСМ да дојде на власт, туку ова е битка да се спаси Македонија. За мојата Македонија ќе бидам во првите редови на ОТПОРОТ!, пишува таа, а Маја му дава поддршка на Давитковски и вели дека после сè што направила оваа власт, од убиството на Нешкоски, до затворањето на Бошкоски и случувањата во Собранието, таа му се приклучила на Отпорот и порачува борбата да продолжи.

На Петко изгледа му е сè преку глава, па пишува: „Тврдам дека не сте исти, многу сте различни. Тие се катастрофа, вие сте катаклизма“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG