Достапни линкови

logo-print

Министерот Никола Поповски во посета на Русија


Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, од денеска до 31 јануари ќе престојува во посета на Руската Федерација.
Како што соопшти МНР, Попоски покрај со Лавров, ќе се сретне со претседателот на Комисијата за меѓународни работи во руската Дума, Алексеј Пушков, и со копретседателот на Мешовитата комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка Максим Травников.
Воедно, во Трговско-индустриската комора на Руската Федерација ќе биде одржан деловен форум и презентација на економските потенцијали и можности за водење бизнис во Република Македонија.
Се очекува на разговорите да бидат разменети мислења за билатерални прашања, а Особено внимание ќе биде посветено на прашања поврзани со реализација на проектите за изградба на крак на гасоводот “Јужен поток” за испорака на гас и гасификација на Република Македонија, се наведува во соопштението на МНР.
XS
SM
MD
LG