Достапни линкови

logo-print

Референдумот, удар за бугарската влада


Бугарите на вчерашниот референдум поддржаа изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија, што е удар за премиерот Бојко Борисов кој се откажа од проектот. Сепак, одѕивот не беше доволен за да може резултатот од изјаснувањето да влијае врз одлуката на владата за оваа прашање.

Околу 60 насто од оние што излегоа на референдумот гласаа за нуклеарката Белене на реката Дунав која би имала моќ од 2 илјади мегавати. Но, одѕивот беше околу 20 насто од регистрираните гласачи, што е многу под предвидената граница од 60 насто за да може резултатот на првиот референдум во Бугарија, одржан по падот на комунистичкиот режим да биде важечки.

Резултатот е јасен притисок врз владата. Малиот одѕив покажува дека нема јасен победник и оти на изборите во јули ќе се соочиме со ќор сокак.
Сепак, според законот, доколку над 20 насто од гласачите учествуваат на изјаснувањето и притоа над половината од нив гласале „за“, тогаш за ова прашање решава парламентот, каде што мнозинство има партијата на Бојко Борисов ГЕРБ, која се противи на изградбата на нуклеарката.

„Резултатот е јасен притисок врз владата. Малиот одѕив покажува дека нема јасен победник и оти на изборите во јули ќе се соочиме со ќор сокак“, вели Кирил Аврамов, политички аналитичар од Софија.

Борисов ја откажа изградбата на Белене минатиот март, откако не успеа да привлече странски инвеститори при што изјави дека Бугарија не може да си дозволи трошок од над 10 милијарди евра.

Бугарските сојузници во Брисел и Вашингтон исто така беа против проектот, страхувајќи дека тоа ќе ја зголеми политичката и економската зависност од Москва.

„Овој референдум нема никаква смисла. Ги трошат парите за референдум и купуваат нови коли за пратениците, а за пензионерите нема пари.“

„За неколку години ние ќе си отидеме, ама ќе останат младите на кои ќе им е неопходна струја. Затоа ни треба таа централа“, велат анкетираните граѓани.
Бојко Борисов, премиер на Бугарија

Бојко Борисов, премиер на Бугарија


Има и такви кои веруваат дека нуклеарката ќе го заживее бугарското стопанство.
Овој референдум нема никаква смисла. Ги трошат парите за референдум и купуваат нови коли за пратениците, а за пензионерите нема пари.

Токму длабоката рецесија, според експертите, била главната причина за слабиот одѕив на референдумот. Тие прецизираат дека станува збор за голем удар за премиерот Борисов кој не ги исполни ветувањата за намалување на корупцијата дадени во изборната кампања во 2009 година кога и дојде на власт.

Непопуларните мерки за штедење придонесоа опозициските социјалисти кои всушност и го побараа вчерашниот референдум да водат на последните анкети.

„Би сакал да му заблагодарам на лидерот на Социјалистичката партија Сергеј Станишев што со овој рефендум му стави конечен крај на проектот Белене“, изјави Борисов.

За Станишев, пак, резултатот бил најголем личен пораз на Борисов.

Неуспехот на референдумот не значи дека земјата се откажува од нуклеарната енергија.
Сергеј Станишев, лидер на социјалистите

Сергеј Станишев, лидер на социјалистите


Бугарија има една нуклеарка од 2 илјади мегавати кај Козлодуј која е стотина километри одалечена од Белене и веќе ја ангажира американската фирма „Вестингхаус“ да постави уште еден реактор од илјада мегавати.

Изградбата на Белене почна во 80-тите години од минатиот век, но беше откажана поради загриженоста за човековата околина.

Посматрачите велат дека иднината на бугарската нуклеарна програма сега ќе зависи од политичкото раководство по јулските избори, но и од парите.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG