Достапни линкови

Африканската Унија ќе испрати воена помош за Мали


Лидерите на африканските држави се состана вчера во главниот град на Етиопија и разговараа за борбите во Мали и територијалните спорови околу Судан. Во соопштението по состаникот е наведено дека Африканската Унија ќе испрати воени трупи во Мали каде што француската војска и помага на домашната во борбата против исламските екстремистички групи кои го зазедоа северниот дел на земјата.На дводневниот самит присуствуваше и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Тој изјави дека помошта за Мали е „морален императив за сите во меѓународната заедница“ . Според последните информации армијата на Мали со помош од француската војска напредуваат кон градот Тимбукту, на само еден ден откако Франција објави дека војниците успеале да ја заземат контролата врз аеродоромот во Гао, град кој е познат како значајно упориште на екстремистичките групи.
XS
SM
MD
LG