Достапни линкови

Бугарите „за“ а референдумот неуспешен


Пропадна бугарскиот референдум за прашањето дали е потребно изградба на нова нуклеарна централа во земјата поради нискиот одзив на гласачите. Мнозинството бугарски граѓани од тие кои што излегоа вчера на реферндумот гласаа „за “ изградба. Но з биде одлуката обврзувачка според бугарските закони потребно е на референдум да гласаат 60 проценти од гласачите, а вчера правото на глас го искористиле само 20 проценти од вкупно 7 милиони гласачи.

Референдумот беше распишан на иницијатива на опозициската Социјалистичка партија за да се принуди Владата да ја промени одлуката - да се откаже од договорот со Русија за изградба на втора нуклеарна електрана во државата. Референдумот се однесуваше за заживување на проектот за нуклеарната централа Белене, на север во државата.

Изградбата на Белене е во застој поради несогласување меѓу Бугарија и Русија во врска со конечната цена која ќе биде меѓу шест и 11 милијарди евра. За да пронајде нов инвеститор, премиерот Бојко Борисов раскина договор со руска фирма која бара надомест од 1,3 милијарди долари и се обрати до Меѓународниот суд за арбитража во Париз.
XS
SM
MD
LG