Достапни линкови

logo-print

Авганистан бара докази за инволвираноста на авиокомпанија во трговија со дрога


Авганистанското министерство за надворешни работи побара од американската амбасада во Кабул документи и докази поврзани со тврдењата на американски воени функционери дека авганистанската најголема авиокомпанија е инволвирана во трговија со дрога. Во министерството ги отфрлија обвинувањата како неосновани и навредувачки и го повикаа претседателот Хамид Карзаи да помогне на компанијата да се справи со обвиненијата. „The Wall Street Journal “ објави дека американската војска ја симна компанијата Кам Аир од листата за потенцијални соработници поради обвиненијата дека таа пренесувала голема количина на опиум, клучната состојка во хероинот во соседниот Таџикистан. Портпарол на ИСАФ мисијата во Кабул ја потврди таа информација но не соопшти повеќе детали околу тоа. Во Авганистан се произведува околу 90 проценти од целокупното светско производство на опиум.
XS
SM
MD
LG