Достапни линкови

Тројца убиени во денешните немири во Порт Саид


Демонстрации во Порт Саид на 20 јануари 2013 година.

Демонстрации во Порт Саид на 20 јануари 2013 година.

Тројца луѓе беа убиени, а повеќе од 400 се повредени во немирите во градот Порт Саид во Египет. До немирите дојде по погребот на 33 луѓе што беа убиени вчера и завчера во протестите што избувнаа откако судот во Каиро осуди 21 луѓе на смрт за учество во тепачка на фудбалски стадион во Порт Саид во февруари. Полицијата употреби солзавец да ги растури демонстрантите кои се обидоа да упаднат во полициски станици. Демонстрантите запалија еден воен клуб.
XS
SM
MD
LG