Достапни линкови

Медведев - Фундаментална грешка е бавноста на реформите на Асад


Рускиот премиер Дмитри Медведев.

Рускиот премиер Дмитри Медведев.

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави дека сирискиот претседател Башар ал-Асад направил „фундаментална, можеби и фатална“ грешка со тоа што не ги спровел политичките реформи побрзо. Во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, Медведев рече дека на крај сирискиот народ треба да одлучи за судбината на Асад. За судирите во Сирија, тој подеднакво ги обвини владата и „непомирливата“ опозиција, за која рече дека вклучува елементи на „исламистички радикализам“. Медведев рече дека нема да се кандидира за претседател по втор пат затоа што не сака да создава поделба на „политичката сила“ претставена од него и од претседателот Владимир Путин. Медведев сепак рече дека не може да отфрли продолжување на неговата политичка кариера по завршувањето на неговиот премиерски мандат.
XS
SM
MD
LG