Достапни линкови

logo-print

Претседателот Ѓорге Иванов од утре во посета на Катар


Претседателот Ѓорге Иванов се среќава со Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани во Скопје на 17 октомври 2011 година.

Претседателот Ѓорге Иванов се среќава со Емирот од Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани во Скопје на 17 октомври 2011 година.

Претседателот Ѓорге Иванов, од утре до 30-ти овој месец, на покана од катарскиот емир Шеик Хамад бин Калифа ал Тани ќе престојува во официјална посета на Државата Катар. Во рамки на посетата, планирана е средба со Емирот на која ќе се разменат мислења и информации за досегашните билатерални односи и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, објави МИА.

Во делегацијата предводена од претседателот Иванов ќе биде министерот за економија, Ваљон Сарачини.

Ова е прва официјална посета на претседателот Иванов на Државата Катар, која се реализира после дводневната официјална посета на катарскиот Емир на Македонија, на 17 и 18 октомври 2011 година.
XS
SM
MD
LG