Достапни линкови

Бoби Серафимовски повторно атакува на американските топ листи


„Среќа во моето срце“ е насловен новиот албум на кумановскиот мултиинструменталист, продуцент и аранжер Боби Серафимовски што деновиве се појави во продажба на светскиот интернет сервис „Си-ди бејби“. Станува збор за колекција од 15 инструментални теми меѓу кои се неколку познати синглови кои одлично поминаа кај публиката.

По двегодишна пауза од промоцијата на „Без граници“ („No Borders“) кој одлично помина на специјализираните американски топ листи за смут-џез музика, Боби Серафимовски го обелодени и својот четврти студиски албум. „Среќа во моето срце“ ( „Happines in mu heart“) е издание кое ги содржи сите елементи да биде лесно прифатено од публиката која го преферира овој вид лесно-слушлива музика.
Сето она што го чувствувам во мојата душа и се она што го носам во мене едноставно е ставено е ставено на овој носач на звук. Интересно е да кажам и тоа дека насловната композиција „Happines in mu heart“ веќе подолг период се емитува на едно од најслушаните и највлијателните радија во Америка, поточно во Сан Диего, кај познатата промотерка Сенди Шо и кај Џејми Тренд што за мене претставува големо задоволство бидејќи мојата музика таму се врти, емитува и промовира.

Македонскиот мултиинструменталист, продуцент и аранжер, сам во сопственото студио, потпирајќи се на сопствената интуиција за звуковно патешествие по непрегледните пространства и со емотивност што само нему му припаѓа, стокмил 15 композиции кои како целина ја создаваат сликата за него како паметен автор кој одамна раскрстил со себе каков треба да биде неговиот музички ракопис. Говорејќи за албумот тој вели дека се движи во водите на смут-џезот, амбиенталната музика, блузот...во просторот каде што царуваат емоциите.

„Сето она што го чувствувам во мојата душа и се она што го носам во мене едноставно е ставено е ставено на овој носач на звук. Интересно е да кажам и тоа дека насловната композиција „Happines in mu heart“ веќе подолг период се емитува на едно од најслушаните и највлијателните радија во Америка, поточно во Сан Диего, кај познатата промотерка Сенди Шо и кај Џејми Тренд што за мене претставува големо задоволство бидејќи мојата музика таму се врти, емитува и промовира.“

Серафимовски вели дека сето тоа е еден убав исчекор за него како музичар да го стори пожелуваниот пробив во светот, но дополнува дека патот нималку не е лесен.
Никогаш не се знае што може да се случи наредниот ден. Постои голема конкуренција, многу изданија, многу менаџери и промотори. Мислам дека мојата музика полека но сигурно си го наоѓа своето вистинско место во тој океан на информации, на нови цедеа, на нови стилови и се* она што значи музика со еден збор.

„Никогаш не се знае што може да се случи наредниот ден. Постои голема конкуренција, многу изданија, многу менаџери и промотори. Мислам дека мојата музика полека но сигурно си го наоѓа своето вистинско место во тој океан на информации, на нови цедеа, на нови стилови и се* она што значи музика со еден збор. “

Тој истакнува дека дел од неговите композиции подолго време се емитуваат на специјализираните радиостаници од обете страни на Атлантикот, дека има многу фанови кои подолго време го следат неговото творештво што му дава посебен елан и силна верба во себе дека е на вистинскиот пат да допре до слушателите ширум светот, да допре до вистинските контакти кои ќе го разберат она што тој го создава и дека на тој начин ќе има шанса со квалитет да се избори за своите позиции не само на смут-џез сцената туку и пошироко во сферата на филмската и амбиенталната музика.

„Јас од она што го имам како искуство од сите овие години можам да кажам дека треба да веруваш во она што го работиш, треба да ја слушаш својата интуиција и едноставно кажано треба да сонуваш да го оствариш својот сон.“

Серафимовски истакнува дека таргетот е публиката која сака лесна, комерцијална и слушлива инструментална музика, дека се надева уште неколку композиции од овој албум убаво да поминат на топ листите и потем ќе ги започне подготовките да формира екипа на музичари кои ќе го придружуваат на планираните концертни настапи во Америка и во Европа.

Кон ова само уште информацијата дека тој ќе одржи и неколку промотивни настапи во Македонија иако е убеден дека „овде се уште нема бројна и верна смут-џезпублика“ , а потенцира дека во меѓувреме ќе ја продолжи соработката со Американецот Роберт Ли со кого снимија една блуз композиција (“Brothers In Guitars”) која треба како сингл да се појави наскоро, а останува и желбата да биде заокружена и колаборацијата со Џејмс Колах кој одамна е етаблиран на лондонската музичка сцена.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG