Достапни линкови

Најмалку 232 загинати во пожар во ноќен клуб во Бразил


Илустрација: Пожар во ноќен клуб.

Илустрација: Пожар во ноќен клуб.

Најмалку 232 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени, во пожар во преполн ноќен клуб во градот Санта Марија на југот на Бразил, соопшти полицијата. Претходно, портпаролот на полицијата рече дека има 245 жртви, но сега вели дека има 232 тела. Надлежните велат дека бројот на жртви „може да расте“. Во моментот кога избувнал пожарот во клубот имало околу 500 луѓе. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од сценската пиротехника. Санта Марија е универзитетски град со околу 250 илјади жители во близина на границата со Уругвај и со Аргентина.
XS
SM
MD
LG