Достапни линкови

Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на „Австралија Опен“


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата на „Австралија Опен“ откако денеска во финалето го совлада Енди Мареј со 3:1 во сетови(6:7, 7:6, 6:3 и 6:2) и по третпат едноподруго е победник на првиот Грен слем турнир во годината. Ова за Ѓоковиќ беше вкупно шеста Грен слем титула, а четврта освоена во „Мелбурн парк“.

Финалето траеше вкупно 3 часа и 41 минута.

Во женското финале вчера Викторија Азаренка ја победи На Ли со 2:1 во сетови.
XS
SM
MD
LG