Достапни линкови

Дачиќ во дводневна посета на Македонија


Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Во составот на српската делегација ќе биде и министерот за правда и државна управа Никола Селаковиќ. Тие вечерва во Македонската опера и балет ќе присуствуваат и ќе се обратат на светосавската академија по повод одбележувањето на Денот на Свети Сава.

Утре премиерот на Србија ќе биде пречекан од неговиот македонски колега Никола Груевски, по што е планирана и средба со претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски. Во рамки на посетата најавена е и средба на српскиот министер за правда и државна управа со министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
XS
SM
MD
LG