Достапни линкови

Продолжуваат немирите во Египет


Полицијата употреби солзавец да ги растури демонстрациите во градот Порт Саид во Египет. Имаше извештаи и за испукани куршуми, но нема информации за жртви. До инцидентот дојде по погребот на луѓето убиени вчера во протестите што избувнаа откако судот во Каиро осуди 21 луѓе на смрт за учество во тепачка на фудбалски стадион во Порт Саид во февруари. Полицијата и демонстрантите, противници на претседателот Мухамед Морси, се судираат и на плоштадот Тахрир во Каиро четврти ден по ред. Во насилствата во поседните четири дена во Египет загинаа 48 луѓе.
XS
SM
MD
LG