Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска - Опозицијата протестира против целата полиција


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Секој има право да протестира ако смета дека треба, но оние што денеска протестираат не им е првпат својот револт или омраза кон поединци или политичка нетрпеливост да го проектираат на институции што е една лоша и недолична практика и ретко каде може да ја најдете, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, коментирајќи го денешниот протест на опозицијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јанкулоска рече дека опозицијата протестира против 12 илјади припадници на полицијата кои чесно и достоинствено на максимално професионален начин ја вршат својата работа.

Коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ денеска во Скопје одржува протестен марш кој завршува пред Министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG