Достапни линкови

Шефицата за хуманитарни прашања на ОН во посета на Сирија


Шефицата за хуманитарни прашања на ОН Валери Амос.

Шефицата за хуманитарни прашања на ОН Валери Амос.

Шефицата за хуманитарни прашања на ОН Валери Амос пристигна во главниот град на Сирија, Дамаск, на дводневни разговори со државни функционери. Ова е трета нејзина посета на Сирија од почетокот на востанието против режимот на претседателот Башар ал-Асад во 2011 година. Минатата недела, хуманитарна делегација на ОН посети неколку локации во земјата и ја опиша состојбата како шокантна и ужасна. ОН проценуваат дека околу четири милиони Сиријци имаат итна потреба од помош, меѓу нив околу два милиони внатешно раселени Сиријци.
XS
SM
MD
LG