Достапни линкови

Големи поплави на североистокот на Австралија


Архивска фотографија: Поплави во Австралија.

Архивска фотографија: Поплави во Австралија.

Автстралиски воени хеликоптери ги евакуираат цивилите во очекување на големи поплави на североистокот на земјата. Илјадници луѓе ги напуштија домовите. Неколку илјади куќи се во опасност од поплавување. Се очекува реката Барнет што тече низ градот Бундаберг да достигне највисоко ниво од 1893 година. Поплавите се предизвикани од циклон во Коралното Море кој го погоди Квинсленд. Бурата предизвика одрони на земјиштето во близина на Бундаберг минатата недела.
XS
SM
MD
LG