Достапни линкови

logo-print

Кириличниот домен (.мкд) избран на интернет анкетата на МАРнет


Македонија во меѓународниот интернет простор да се претставува со кириличниот домен .мкд е изборот на граѓаните во интернет анкетата објавена на веб стрната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет.

Гласањето траеше до 15 јануари 2013 година, врз основа на претходно објавените низи за кои имаше најголем број на предлози (мкд, мак, рм, македонија, рмак и рмкд). Вкупно својот глас преку интернет анкета го дадоа 2.288 граѓани, од кои за кириличниот домен мкд гласаа 72,98 отсто.

Предлогот кој освои најголем број гласови (.мкд), ќе биде ставен во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИЦАНН).

„Националниот кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани да го користат интернетот на своето македонско кирилично писмо, што истовремено претставува и грижа за зачувување на националниот идентитет преку користење на домени на својот мајчин јазик“, стои во соопштението од Министерството за информатичко општество и администрација.
XS
SM
MD
LG