Достапни линкови

Јапонија лансира два шпионски сателити


Илустрација: Сателитска снимка.

Илустрација: Сателитска снимка.

Јапонија успешно лансираше два сателити за надзор во орбитата на Земјата, соопштија властите. Сателитите треба да ја зголемат способноста на Јапонија за прибирање разузнавачки податоци во услови на зголемени тензии за севернокорејската нуклеарна и ракетна програма. Еден од сателитите е радар-сателит, што значи дека ќе може да прибира информации и преку облаци. Раководството на Северна Кореја минатата недела соопшти дека земјата ќе спроведе уште еден нуклеарен тест и оти ќе продолжи со лансирањето ракети и покрај тоа што со резолуција на Советот за безбедност на ОН тоа и е забрането.
XS
SM
MD
LG