Достапни линкови

Светот се сеќава на жртвите од холокаустот


Архивска фотографија: Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на 10 март 2010 година.

Архивска фотографија: Отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на 10 март 2010 година.

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот. Генералното собрание на Обединетите Нации пред 7 години одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари, датумот кога пред 68 години престана да функционира нацистичкиот концентарциски логор Аушвиц.

Во резолуцијата на Светската организација со која се прогласува за Меѓународниот ден на холокаустот, се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.

На 27 јануари 1945 година Црвената армија на Советскиот Сојуз пристигна во Аушвиц. Тие наидоа на неколку илјади останати затвореници во кампот, кој беше делумно разурнат од Германците кои се повлекуваа. Преживеаните и материјалните докази укажуваа на масовните убиства кои се одвивале во Аушвиц.
XS
SM
MD
LG