Достапни линкови

Во Грција во прекин железничкиот сообраќај поради штрајк


Вработените во грчката железница и возачите на автобуси и тролебуси во Атина денеска штрајкуваат поради планираното намалување на платите. Синдикатите објавија дека е запрено движењето на возовите во цела Грција, а во Атина не сообраќаат автобусите и тролебусите.Возачите на автобуси во Атина најавија дека ќе штрајкуваат до вторник.
Метрото во Атина повторно сообраќа откако грчката Влада вчера објави граѓанска мобилизација и ги принуди работниците да се вратат на работа, заканувајќи им се со откази и апсење.
XS
SM
MD
LG