Достапни линкови

Морси преку Твитер повика на смирување на страстите


Вчерашните протести во Каиро

Вчерашните протести во Каиро

Египетскиот претседател Мухамед Морси повика на смирување на страстите по немирите при кои загинаа 7 луѓе а стотици се повредени. Шест луѓе загинале во Суац а еден човек загинал во Исмаилиа. Властите соопштија дека над 450 луѓе биле повредени при судирите со полицијата на денот кога се одбележува втората годишнина од востанието со кое од власт беше остранет Хосни Мубарак. Во порака објавена на Твитер Морси повикува на смирување и бара од граѓаните да ги почитуваат идеалите на револуцијата и да го изразуваат нивниот став за случувањата на мирен начин.
Тој за насилствата изјави дека се „дела на криминалци “ и дека тие ќе бидат казнети. Антивладините демонстранти сметаат дека продемократските цели поради кои се кренаа на востание против Мубарак, со доаѓањето на власт на Морси не се исполнети.
XS
SM
MD
LG