Достапни линкови

logo-print

Иран со отворена поддршка за Сирија против Западот


Кој било напад врз Сирија, Техеран ќе го третира како напад врз Иран. Ова денеска го изјави помошникот на иранскиот врховен верски лидер Али Акбар Велајати. Тој додаде дека Сирија има главна улога во регионот во промовирање на силна политика на отпорот и поради тоа нападот врз Сирија би можел да се смета и за напад врз Иран и иранските сојузници. Иран е главниот сојузник на долгогодишниот сириски претседател Башар ал Асад, кој веќе речиси две години се соочува со бунт во својата земја. Иран ја смета Сирија за дел од оската во спротиставувањето на Израел и влијанието на Западот на Блискиот Исток.Техеран неколку пати ги предупредуваше западните земји против интервенирањето во Сирија
XS
SM
MD
LG