Достапни линкови

Одложување на разговорите за иранската нуклеарна програма


Иран ги обвинува светските сили за одложување на разговорите околу нуклеарната програма кои беа договорени да се оддржат кон крајот на јануари и почетокот на февруари. Иранските медиуми за ваквите обвинувања се повикуваат на изјава на заменикот еврокомесар за надворешни работи Хелга Шмит која што ја цитираат дека вели оти светските сили не се подготвени за оддржување на преговори.
ЕУ и иранските владини претставници разговараат со месеци за договарање датум за нова рунда преговори околу нуклеарните активности. ЕУ неодамна соопшти дека Иран го одложува одредувањето датум и локација за разговорите.
XS
SM
MD
LG