Достапни линкови

Повторно немири во Египет


Египетски суд осуди 21 лице на смртна казна поради предизвикувањето на минатогодишното насилство на фудбалски меч, при што загинаа 74 лица. По соопштувањето на пресудата роднините на осудените се обидоа да насилно да влезат во затворот каде што биле однесени осудентите.При судирите со полицијата загинал еден полицаец и 8 цивили. Насилството кое минатата година се случи во Каиро меѓу фанови на два фудбалски тима се смета за најсмртоносното насилство на фудбалски натпревар во изминативе 15 години. Судот најави дека пресудата за останатите 52 обвинети ќе биде соопштена во Март. Пресудата доаѓа на само еден ден по немирите во Египет за време на оддржувањето на протесниот марш на опозицијата во знак на одбележување на две годишнината по отпочнувањето на востанието против режимот на Хосни Мубарак. За време не немирите загинаа 7 луѓе, вклучувајќи 6 лица во Суец.
XS
SM
MD
LG