Достапни линкови

Ердоган:Турција може да побара алтернатива за ЕУ


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган синоќа во интервју за турска телевизија ја критикуваше Европската унија, истакнувајќи дека ЕУ не е отворена и целосно јасна за односите со Турција.Toj додаде дека Анкара би можела да побара алтернатива за Унијата.
Ердоган изјави дека неодамна во разговор со рускиот претседател Владимир Путин истсакнале дека Турција е подготвена за влез во Шангајската организација за соработка. Шангајската организација за соработка е меѓудржавна организација за безбедност, која во 2001 година во Шангај ја формираа лидерите на Русија, на Кина, на Казахстан, на Киргистан, на Таџакистан и на Узбекистан.
XS
SM
MD
LG