Достапни линкови

ЕК: Хрватска и Словенија да се согласат околу Љубљанска Банка


Европската комисија апелира до Словенија и Хрватска да изнајдат прифатливо решение за „Љубљанска банка“ за да може ратификацијата на хрватскиот пристапен договор да заврши на време.
Изјавата на портпаролот на европскиот комесар за проширување Петер Стано уследи како реакција на хрватскиот преговарач, финансискиот експерт Здравко Рогиќ, кој рече дека словенечкото барање за повлекување на полномошната дадени на „Стопанска банка“ и на „Загребската банка“ практично значи дека Хрватска и подарува на Словенија 278,8 милиони евра“.
Рогиќ смета и дека Словенците треба да изнајдат решение за да се спречи бранот судски пресуди.
XS
SM
MD
LG