Достапни линкови

Протестите на опозицијата во Македонија продолжуваат


Опозицискиот Сојуз за иднината и денеска одржа протести со блокади на крстосници низ главниот град, барајќи предвремени парламентарни избори.
„Отпорот на опозицијата против политиките на власта секој ден станува се погласен и поголем и ќе продолжи се до исполнување на клучната цел и барање на Сојузот за иднината за одржување слободни, фер и демократски предвремени парламентарни избори“, изјави пратеникот Сафет Бишевац од Санџачката лига, дел од опозицискиот Сојуз за иднината.
Според Бишевац, отпорот на опозицијата најдобро ќе се види во недела кога планираат да одржат марш на вистината.
XS
SM
MD
LG