Достапни линкови

Во турските бегалски кампови има над 162 илјади бегалци


Во Турција има 162.300 сириски бегалци, соопшти денеска турската Дирекција за управување со кризи.
Бегалците се сместени во кампови под шатори и контејнери во окрузите Хатај, Шанлурфа, Газиантеп, Кахраманмараш, Османије и Адјамам и Килис.
Дирекцијата соопшти дека сириските бегалци трипати дневно добиваат топол оброк и можат да посетуваат училишта, џамии, трговски и медицински центри. Камповите се обезбедувани од полицијата.
Од почетокот на кризата во Сирија, приближо 231.000 луѓе побегнале во Турција, но 68.4000 од нив се вратиле во татковината.
XS
SM
MD
LG