Достапни линкови

Кери - САД го продолжуваат ангажманот на Балканот


Сенаторот Џон Кери.

Сенаторот Џон Кери.

Кандидатот за американски државен секретар, сенаторот Џон Кери потврди дека Соединетите Држави ќе продолжат да работат со земјите на Западен Балкан со цел да му се обезбеди натамошен напредок на регионот. Тој на сведочењето во Комитетот за надворешни односи на Сенатот позитивно одговори на прашањето на сенаторката Џин Шахин која притоа го спомена спорот меѓу Грција и Македонија.

Ќор сокакот со Македонија околу прашањето за името и незавршениот дијалог меѓу Србија и Косово беа наведени од сенаторката Џин Шахин од Њу Хемпшир, како примери за неопходност од натамошно американско лидерство и ангажман со цел, како што рече, да им се помогне на земјите од Западен Балкан да напредуваат кон Европската унија.
сенаторката Џин Шахин

сенаторката Џин Шахин


Потврдниот одговор на сенаторот Џон Кери беше проследен и со тоа дека тој со нетрпение очекува да работи со неа како претседавач на Поткомитетот за европски прашања.

Покрај многуте конфликти на Блискиот Исток и Северна Африка не треба да се заборави дека Соединетите Држави до неодамна беа вклучени во конфликтот во Западен Балкан кој и покрај огромниот напредок, се уште има нерешни прашања.
Сенаторката Џин Шахин претходно оцени дека и покрај многуте конфликти на Блискиот Исток и Северна Африка, не треба да се заборави дека Соединетите Држави до неодамна беа вклучени во конфликтот во Западен Балкан кој и покрај огромниот напредок, се уште има нерешни прашања.

69-годишниот Џон Кери за прв пат беше во улога на оној кој е сослушуван во Комитетот за надворешни работи чиј член е скоро 30 години, а последните четири и како негов претседавач.

Тој притоа најави дека ќе и даде предност на американската надворешна политика која, како што рече, нема да биде дефинирана само од беспилотни летала и распоредување војници.

Сепак, тој предупреди дека сегашните фискални проблеми и се закануваат на американската лидерска способност, но и на неговиот кредибилитет како дипломат.

Во овие денови на фискална криза, не можеме да бидеме силни во светот, освен ако не сме силни дома и првиот приоритет кој ќе влијае врз мојот кредибилитет како дипломат и нашиот кредибилитет како нација, во помагањето на другите земји, ќе биде Америка конечно да ја среди сопствената фискална криза.
„Во овие денови на фискална криза, не можеме да бидеме силни во светот, освен ако не сме силни дома и првиот приоритет кој ќе влијае врз мојот кредибилитет како дипломат и нашиот кредибилитет како нација, во помагањето на другите земји, ќе биде Америка конечно да ја среди сопствената фискална криза“, изјави Џон Кери на сослушувањето кое, според сите оценки во Вашингтон, претставуваше обична формалност со оглед на тоа што тој ужива голема поддршка и од неговите демократи и од републиканците во Сенатот.

Сепак, тој се соочи и со многубројни прашања за предизвиците во светот. Според него, еден од најитните и најопасни е иранската нуклеарна активност.

„Претседателот Обама е дефинитивен: ќе сториме се што мораме за да го спречиме Иран да дојде до нуклеарно оружје. Повторувам тука: нашата политика не е задржување, туку превенција. И часовникот отчукува за нашите напори да обезбедиме соодветен одговор за тоа.“

Џон Кери, исто така изрази уверување дека Вашингтон и Москва можат да ги надминат постојните тензии и да ја унапредат соработката.

„Мислам дека би било неискрено и наивно да седам тука и да не им признам на моите колеги дека во последните години имаше уназадување на односите меѓу двете земји.“

Притоа тој потсети на одлуката на Москва да им забрани на американските државјани да посвојуваат руски деца. Џон Кери на функцијата државен секретар ќе ја замени Хилари Клинтон која во Комитетот изјави дека тој е вистинскиот избор за тоа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG