Достапни линкови

Грчката полиција ги нападна штрајкувачите во атинското метро


Грчки полицајци од силите за борба против нереди упаднаа денеска во атинското метро, каде беа забарикадирани работници од подземната железница кои 8 дена штрајкуваат. При тоа, барикадите беа растурени а најмалку 10 работници се притворени.
Операцијата беше преземена откако Владата објави граѓанска мобилизација, за да ги запре протестите против планираните намалувања на платите.
Властите пред акцијата ги блокираа патиштата, кои водат кон метрото во западниот дел на грчката престолнина, за да попречат на стотици подржувачи на штрајкувачите да стигнат до таму.
Оние кои нема да се потчинат на наредбата и одбијат да се вратат на работа, ризикуваат да бидат отпуштени и уапсени.
За денеска работници на железницата и автобускиот сообраќај најавија марш на солидарноста во Атина.
XS
SM
MD
LG