Достапни линкови

Кина и Јапонија ќе разговараат за спорните острови


Кинескиот претседател Кси Јинпинг се сретна со претставникот на Јапонија со цел да ги намалат тензиите околу спорните острови во Источното Кинеско море. Претставникот од Јапонија, Јамагучи пренесе псимо од јапоснкиот премиер Шинзо Абе отккао и двете страни рекоа дека би сакале да го решат проблемот со дијалог, но Јапонија го одби барањето на Пекинг тоа да се разгледува како прашање на суверенитетот. Јапонија ги купи островите од јапонски приватен сопственик во септември. Двете држави сметаат дека полагаат право на островите кои во Кина се викаат Диаоју а во Јапонија Сенкаку.
XS
SM
MD
LG