Достапни линкови

logo-print

Судир на полицијата и демонстрантите во Каиро


Рано изутринава дојде до судир помеѓу полицијата и демонстрантите на плоштадот Тахрир во Каиро. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и камења а полицијата употреби солзавец по еднодневните демонстрации во пресрет на втората годишнина од востанието со кое беше соборен диктаторот Хосни Мубарак. Противниците на актуелниот претседател Мухамед Морси побараа демонстрациите да продолжат и денеска велејќи дека Морси и Муслиманското братсво ги предале секуларните идеи на востанието од 2010 година.
XS
SM
MD
LG