Достапни линкови

logo-print

Пјонгјанг со закана до Сеул по санкциите од ООН


Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со „физички контрамерки“ поради поддршка на санкциите од страна на ООН усвоени неделава. Санкциите беа донесени од страна на Советот за безбедност поради тестирањето на ракетата од долг опсег на 12 декември. Пјонгјанг објави дека има намера да спроведе и треот тестирање на нуклеарно оруѓје и понатамошни ракетни лансирања чија цел е „нашиот заколнат непријател, САД“. Кинескиот министер за надворешни работи рече дека сега сите страни треба да останат смирени и дека разговорите на Русија, Кина, Јужна и Северна Кореја треба итно да започнат.
XS
SM
MD
LG