Достапни линкови

Осуден на 35 години затвор за нападот во Мумбаи


Американски државјанин од пакистанско потекло, кој одиграл клучна улога во терористичките напади во индискиот град Мумбаи во 2008 година е осуден на 35 години затвор во САД. Дејвид Колдман Хедли се изјасни за виновен за собирање информации за потенцијални цели во Мумбаи кои биле нападнати од пакистански терористи при што загинаа 160 лица. Тој издејствува и да не биде екстрадиран во Индија а во 2010 се изјасни за виновен за да избегне смртна казна.
XS
SM
MD
LG