Достапни линкови

Пакистан држи во притвор 700 осомничени терористи без обвинение


Талибанци во Пакистан.

Талибанци во Пакистан.

Пакистан држи во притвор 700 осомничени терористи без никакво обвинение, а во согласност со контроверзниот закон за безбедност. Главниот обвинител Ирфан Кадир пред Врховниот суд изјави дека осомничените милитанти биле уапсени во западните племенски региони каде што владините сили со години се борат со исламистичките бунтовници. Тој рече дека осомничените ќе бидат задржани во воените ценри до завршувањето на воената операција. Ова е прв пат пакистански функционер да соопшти колку луѓе се држат во притвор според контроверзниот закон што беше донесен во 2011 година и беше критикуван од организациите за човекови права.
XS
SM
MD
LG