Достапни линкови

Милошоски - Посетите од Филе да се гледаат со позитивни очи


Архивска фотографија: Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Архивска фотографија: Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска изјави дека се цени залагањето на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и неговите чести посети на Македонија.

„Тоа значи дека и Европската комисија и тој лично ја ставаат земјата високо на својата агенда. Агендата на ЕК и на нашата држава се поклопуваат на она место каде што имаме заеднички интерес што поскоро отпочнување на преговорите за членство. Ваквите интензивни посети од страна на комесарот Филе треба да се гледаат со позитивни очи“, рече Милошоски.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера ненајавено дојде во Македонија и се сретна со премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG