Достапни линкови

Филе - Власта и опозицијата да најдат решение за враќање на оптимизмот


Евро-комесарот Штефан Филе.

Евро-комесарот Штефан Филе.

Евро-комесарот за проширување Штефан Филе изрази надеж дека власта и опозицијата во Македонија ќе најдат решние за политичката криза во земјата.

„По природа сум оптимист и се надевам дека сите чинители, и владата и опозицијата со поддршка од Претседателот, ќе може да најдат решение на настаните што претходеа, се случија и следеа по 24 декември за да го одржам мојот оптимизам на нивото од пред божиќните празници“, рече Филе на денешната прес-конференција во Стразбур.

Тој рече дека бил во важна посета на Скопје и оти разговарал за подготовките за Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија.

Филе денеска има обраќање пред членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG