Достапни линкови

Дневен печат - Охридската чорба меѓу посетата на Филе и политичката криза


Средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски 22 јануари 2013.

Средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски 22 јануари 2013.

Сите печатени медиуми, од свој агол, го одбележаа резултатот од седнувањето на маса на Црвенковски и Груевски, тајната посета на еврокомесарот Филе и успехот на охриѓани да соборат Гинисов рекорд во правење рибина чорба.

Дали навистина „Странците ја преземаат играта?“, како што најавува Утрински во понеделникот. Имено, весникот од свои извори дознава дека на маса имало и конкретен предлог: одложување на локалните избори до јуни, кои би се одржале заедно со предвремени парламентарни, а во замена за ова, СДСМ да се врати во парламентот?
Македонија го вклучи алармот на Брисел: Филе итно во Скопје - колапсот на политичкиот дијалог повод за загриженост во седиштето на ЕУ.

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе, 2012.

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе, 2012.

​Дека онаму каде што има чад има и оган, потврдува и ненајавената, речиси тајна посета на еврокомесарот Штефан Филе на Скопје. Дневник ги цитира своите дипломатски извори во Брисел кои велеле дека Филе на средбите побарал сите политички чинители од Македонија да ја насочат енергијата кон европската агенда и добивање позитивни оценки за добрососедство во пролетниот извештај, а Утрински оди со уште појак наслов: „Македонија го вклучи алармот на Брисел: Филе итно во Скопје - колапсот на политичкиот дијалог повод за загриженост во седиштето на ЕУ“.
Се засилуваат политичките игри на источниот сосед во Стразбур - Македонците запишани, па избришани со бугарска рака.

Инаку сите печатени медиуми, од свој агол, се разбира, го одбележаа резултатот од седнувањето на маса на Црвенковски и Груевски: „Без договор поради ултиматумот на СДСМ“, наслови Дневник; „Колапс на политичкиот дијалог“, забележа Утрински; „Никола покани, Бранко кандиса“, напиша дневниот Фокус; Вечер се обидува да ги Охрид со над 3 тони рибја чорба го собори Гинисовиот рекорд.

Охрид со над 3 тони рибја чорба го собори Гинисовиот рекорд.

спротивстави лидерот и партијата: „Бранко не му даде шанса на СДСМ“ и да ја нагласи улогата на Груевски на помагач во ситуацијата: „Никола го трга Бранко од улица“. Нова Македонија наслови дека „Црвенковски и Груевски се во длабоки ровови“, а Ден дека „Мразот е скршен, но договор не е постигнат“.

Пресметките, инаку, продолжуваат - како внатре, така и надвор: „Се засилуваат политичките игри на источниот сосед во Стразбур - Македонците запишани, па избришани со бугарска рака“, насловува Дневник, а Утрински информира дека на Парламентарното собрание на Советот на Европа „Македонското малцинство е избришано од резолуцијата за Бугарија“. Дневник открива што се крие зад финансирањето јазични курсеви по грчки јазик во Битола: „Атина се обидува да создаде грчко малцинство кај нас“.

А и Русите се чини ги забораваат Македонците: дневниот Фокус прашува: „Гаф или политика на прослава на Српската православна црква во Ниш - амбасадорот на Путин во Србија, Александар Чепурин, набројувајќи ги православните народи, наследници на Византија, не ги спомна Македонците“.

И додека чекаме што чудо ќе прави Субрата Рој од Љубаништа, на охриѓани ич не им е гајле за ништо: „Охрид со над 3 тони рибја чорба го собори Гинисовиот рекорд“, го забележаа овој успех сите медиуми во земјава.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG