Достапни линкови

Субрата Рој ја купи Славија, најавува голем туристички комплекс

Проектот „Сахарајан Македонија“, проектот што индиската компанија „Сахара Индија Паривар“ на индискиот милијардер Субрата Рој ќе го реализира во Македонија. Проектот предвидува изградба на туристичко-станбен комплекс кој ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода.

Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска во Охрид истакна дека туристичкиот комплекс кој ќе се гради на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот. Неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија, така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски и еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот. Комплексот е лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро кај Љубаништа. Треба да содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода итн. Рој веќе го купил охридскиот хотел Славија.
XS
SM
MD
LG