Достапни линкови

Солзавец и водени топови против демонстрантите во Азербејџан


Илјадници жители на Исмаили синоќа ја запалија резиденцијата на гувернерот, неколку автомобили и еден мотел.

Илјадници жители на Исмаили синоќа ја запалија резиденцијата на гувернерот, неколку автомобили и еден мотел.

Азербејџанската полиција со солзавец и водени топови се обидува да ги разбие новите протести во градот Исмаили. Демонстрантите, кои бараат оставка на обласниот гувернер и ослободување на неколкумина луѓе кои беа уапсени вчера, фрлаат со камења кон полицијата. Илјадници жители на Исмаили синоќа ја запалија резиденцијата на гувернерот, неколку автомобили и еден мотел. Дописниците на Радио Слободна Европа јавуваат дека локалните власти ги игнорирале барањата на граѓаните за затворање на мотелот за кој тврдат дека е јавна куќа. Протестите почнаа вчера, откако се случи сообраќајна несреќа во која учествувал сопственикот на мотелот.
XS
SM
MD
LG